ФБИ ПОМОГНАЛЕ ДА СЕ СПРЕЧИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека им е благодарен на САД за доставувањето информации до Русија кои го спречија терористичкиот напад на земјата кон крајот на 2019 година.
„Благодарение на навремените информации што ни ги даде ФБИ, уапсени се двајца членови на т.н. Исламска држава кои планирале напади во Санкт Петербург за новогодишните празници – рече Путин за време на состанокот со Комитетот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Путин рече дека Русија ќе одговори на таа учтивост и ја истакна важноста за соработката со колегите од странство.