|

Тагарев: Претпоставуваме дека дронот кај Тјуленово е од војната во Украина

Тим на бугарските ВМС утрово ја неутрализира експлозивната направа, која беше пронајдена синоќа, кај селото Тјуленово, општина Шабла во Бугарија. Експлозивната направа била прикачена на дрон што се појавил во пристаништето за чамци.

„Повикот бил упатен синоќа нешто пред 22 часот. Утринава испративме екипа за неутрализација. Тоа е направено за да се избегне ризик за припадниците на ВМС при ноќна операција“, изјави министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев.

„Со сигурност може да се претпостави дека дронот кај Тјуленово е поврзан со руската војна против Украина“, вели Тагарев цитиран од бугарските медиуми. Тој додава дека има прелиминарни, но не и конечни информации за дронот, кој беше откриен доцна синоќа кај брегот на Тјуленово.

„Бугарската армија одржува капацитети и тимови за да може да реагира при откривање на неексплодирани експлозивни направи. Случајот со дронот кај Тјуленово е токму таков“, рече министерот за одбрана.

Слични Објави