|

Mијалков се пријавил во затворот во Струга

Eкс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, во согласност со судската покана за издржување на затворската казна, денеска по 14 часот се пријавил во струшкиот затвор, објави Телма, повикувајќи се на свои информации.

Мијалков треба да ја отслужи тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, а тоа ќе го прави во струшкиот затвор откако го промени своето место на живеење и стана жител на Охрид.

Затворот во Струга е од отворен тип, односно осуденикот може да излегува во текот на денот, а таму само да преноќува.



Слични Објави