РУСИЈА ПРВА СО ВАКЦИНА-ЕДНА ОД ЌЕРКИТЕ НА ПУТИН ЈА ПРИМИЛА И СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО

Русија е првата земја во светот што регистрира вакцина против коронавирус. Ова го соопшти рускиот претседател Владимир Путин, на седница на Владата во Москва.

loading...

„Колку што знам, утрово за прв пат во светот е регистрирана вакцина против новата инфекција на коронавирусот“, рече тој.

Путин изразил надеж дека ќе се појавуваат многу вакцини против коронавирус во светски рамки. Масовното производство на вакцината против коронавирус ќе започне во блиска иднина, додал рускиот претседател.

Тој исто така рече дека една од неговите ќерки ја примила руската вакцина против коронавирус и се чувствува добро.


loading...

„Мислам дека во одредена смисла таа беше вклучена во експериментот“, рече Путин. Според него, по првото вбризгување, температурата на телото на неговата ќерка била 38 степени, следниот ден – малку над 37 степени.

„И тоа е сè. По втората инјекција, температурата исто така малку се зголеми. Тогаш се заврши“, вели Путин.