| |

Проф. Павлов: БПЦ треба да го возобнови дијалогот со нашите сонародници во РС Македонија

Одлуката на вселенскиот патриарх Вартоломеј од канонска гледна точка не е издржана. Така смета бугарскиот историчар проф. д-р Пламен Павлов во интервју за бугарскиот информативен портал Актуелно.

„Нешто слично беше применето во однос на Киевската црква од Вартоломеј. Прашањето е што прави Бугарската црква. Засега не гледаме реакција од нејзина страна. Оваа ситуација би требало да послужо за активизирање на дијалогот меѓу Софија и Охрид“, истакна проф. Павлов.

Проф. Павлов истакнува уште дека Охридската архиепископија, како што во моментов е легализирана од Цариградскиот патријарх Македонската православна црква Охридска архиепископија, во сите документи се нарекува Охридска архиепископија на цела Бугарија. Нејзините архиепископи се потпишуваат како бугарски архиепископи.

„Неговата Светост Вартоломеј многу добро го знае тоа, но не гледаме дека го признава. Очигледно тоа не одговара на неговите чисто политички интереси. Бидејќи верата е на прво место, вистината исто така мора да биде на прво место“, додава проф. Павлов.

Професорот смета дека во Република Северна Македонија преовладува ставот дека Охридската архиепископија е основана во 1019 година со неколку распоредби и повелби на Василиј II, т.е. дека е новооснована црква.

„Понекогаш се изнесува аргументот дека на оваа територија постоела Архиепископија на Прва Јустинијана. Она што го направил Василиј II во 1019 година, практично не е никакво признание. Станува збор за промена на статусот на оваа црква од Бугарска патријаршија во Бугарска архиепископија. Ова е јасно наведено во самите документи. Може да се прочита дека Василиј II едноставно го менува статусот на нешто што веќе постои. Нема нова црква во 1019 година. Од оваа гледна точка, она што го прави Вартоломеј е сосема непотребно од гледна точка на традицијата, бидејќи Бугарската црква била призната како автономна, а потоа и како автокефална на VIII собор во 870 година, на кој учествувале и папски претставници“, рече тој.

„Во документите на Василиј од 1019 и 1020 година јасно се вели дека тоа е истата црква што била под бугарските цареви Петар и Самуил и дека остануваат истите епископи. Станува збор за периодот по освојувањето на Бугарија од страна на Византија во 1018 година. Тогаш императорот Василиј II ја уништил бугарската држава, но ја задржал бугарската црква за да зачува некаква поддршка кон својата власт во новоосвоените земји. До 1767 година, кога била ликвидирана од фанариотите, секогаш се нарекувала Црква на Охрид и на цела Бугарија“, вели проф.Павлов.

„Оваа црква отсекогаш била бугарска. Она што го признава патријархот Вартоломеј е ранливо од историска гледна точка, но ранливо е и од гледна точка на самата суштина на црквата, а таа е наследник на патријаршијата на Првото бугарско кралство. Црковната организација во Бугарија и во југозападните земји има исти корени и тие се во Плиска, Велики Преслав и Друстар (Силистра). Самите византиски автори, дури и архиепископите како Јован Комнен, признаваат дека патријархот Дамјан еднаш побегнал од Друстер за време на византиската окупација во 971 година и се преселил во Средец. Потоа неговите наследници поради војната меѓу Бугарија и Византија, која траеше близу 50 години, го преселиле центарот на црквата во други градови, додека конечно Охрид, не станал седиште на црквата“, вели проф. Павлов.

По повод признавањето од страна на Руската православна црква на канонските права на Српската православна црква во Северна Македонија, историчарот потсети што се случувало со епархиите на црквата во Северна Македонија, кои биле одземени од Бугарската егзархија. Тој објасни дека тие биле насилно земени од СПЦ, која подоцна станала патријаршија.

„Не е првпат вакви гласови да доаѓаат од Русија дека ако Македонија сака нешто да одлучи, тоа мора да го реши со Белград. Митрополитот Иларион Алфеев еднаш кажа вакво нешто дури и во Софија пред речиси 15 години, што од моја гледна точка е недозволиво. Значи Москва во овој случај дејствува заедно со Белград против Скопје. Некој во Република Северна Македонија мора конечно да го разбере ова. Овој став на Руската православна црква е апсолутно непријателски настроен кон нашите православни сонародници и браќа во Република Северна Македонија“, рече проф. Павлов.

Историчарот ја повика Бугарската православна црква да покаже карактер и да продолжи со дијалогот Софија-Охрид.

„Црквата мора да покаже карактер. Ништо не не спречува да водиме нормален дијалог со Охрид и да ја искористиме оваа ситуација, црквата повторно да ги истакне своите права. Нашата црква е наследник на Охридската архиепископија тоа е кажано во самиот устав. Бугарскара црква треба да дејствува активно и да го возобнови интензивниот дијалог со нашите сонародници таму“, вели историчарот.

Слични Објави