(ФОТО) МИСАЈЛОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОМЕША КУМАНОВО СО АВСТРИСКИ ГРАД
Владо Мисајловски, носител на изборната листа во ИЕ 2 на ВМРО-ДПМНЕ, направи географска грешка на социјалните мрежи.
Тој на својот профил на фејсбук објави фотографија од градежни активности и додаде коментар:
„Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ !?“.
Сепак, опонентите од СДСМ од Куманово го поправија Мисајловски во неговата грешна објава.

„Носителот на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 2 – Владо Мисајловски објави слика од пат за кој напиша дека се наоѓа кај нас и дека е тоа правиот пат, меѓутоа тој пат се наоѓа некаде далеку. ВМРО-ДПМНЕ носители на лажни вести”.
Извор: Фокус


