ФРАНЦИЈА ВО АПРИЛ СО РЕКОРДЕН ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ОД НАД 20 ОТСТО
Откако во март Франција изгуби 16,2 отсто од индустриското производство, опаѓачкиот тренд продолжи да ја зледи земјата и следниот месец. Во април споредено со месецот претходно земјата регистрираше пад во о вој сектор од 20,1 отсто.
Ваквите импликации се резултат на запирањето на економските активности поради мерките преземени за пречување на ширењето на епидемијата со коронавирусот.
Најпогодено е производството во автомобилскиот сектор, каде падот е 88 отсто во април, откако веќе се намали за 45,1 отсто претходниот месец, соопшти Националниот институт за статистика.