Заев: Правата на сите граѓани се загарантирани со Уставот, нема да зависат од бројките на пописот

//

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше и за исходот од претстојниот попис, за кој изрази уверување дека ќе биде точен и успешен и на ниеден начин нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства.

„Во април го одложивме пописот во последен момент на барање на опозицијата која тоа го постави како услов за да го поддржи пописот. Пописот ќе се одржи во септември. Ние сме една од ретките земји која немала попис повеќе од 20 години. Правата на нашите граѓани нема да зависат од пописот, затоа што постои уставна гаранција која се однесува на нашите малцинства и нивните права. Сите имаат еднакви права и еднакви обврски, на што сме исклучително горди. Проектот „Едно општество“ е мошне успешен проект кој може да биде навистина добар пример што доаѓа од Северна Македонија“, подвлече премиерот Заев.

Тој истакна дека правата на нашите граѓани од албанска етничка припадност се загарантирани со Уставот, како што се загарантирани правата на Македонците или на помалите етнички групи.



„Правата на нашите граѓани не зависат од бројките, бидејќи правата се загарантирани со Уставот. Охридскиот рамковен договор беше нешто што го реши проблемот помеѓу граѓаните од различна етничка и религиска припадност. Деновиве бележиме дваесетгодишнина од склучувањето на овој договор и сега сите политички партии се борат за граѓански права, а не за права на етнички заедници“, истакна премиерот Заев во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“.

Извор: Zoom.mk

Претходна статија

Мицкоски: Ќе обезбедиме плати од 750 евра за граѓаните

Следна статија

Ресенчанец испраќал пораки дека има бомби во Охрид

Најново од Вести