Пластичен превод на политиката и историјата
Во констелацијата на современите ликовни тенденции во Македонија со посебен индивидуален приод и ликовен јазик се издвојува младата уметница Јасминка Новковска (родена 1975 година во Скопје). Ваквата вокација се должи на нејзиниот современ еклектичен израз во ликовното творештво, но и на специфичен сензибилитет во кој експериментите се обединети во една естетика. Станува збор за сликарство кое се темели на барање стил во уметноста кој преку синтезата на примена на различни материјали ќе ги надмине досегашните сфаќања за неговата тн униформираност.
Барајќи нов пластичен израз во својата ликовна наобразба Јасминка Новковска создава и комбинира колаж составен од туѓи, анонимни и чудни лица, снимки, текстови и облека што освен да се гледаат, треба и да се прочитаат. Во нив е изразен револтот кон изгубениот систем на вредности што го носи денешното време исполнето со духовна празнина, морална деградација и материјален интерес.
Целиот текст прочитаjте го на www.mojzbor.mk