СЗО: ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЌЕ БИДЕ ПРОИЗВЕДЕНА НАЈМАЛКУ ЗА 12 МЕСЕЦИ
Портпаролката на Светска здравствена организација, Маргарет Харис соопшти денеска, дека вакцина против Ковид-19 ќе биде произведена за најмалку 12 месеци.
Таа додаде дека развивањето на вакцина бара „концептуален доказ“ за нејзината ефикасност, како и докази за безопасност на пациентите.
„Треба да бидеме сигурни дека вакцината нема негативни и несакани ефекти, туку и долгорочни ефекти. Покрај тоа во исто време треба да се испита и имуниот профил и да поминат неколку етапи за проучување на безопасноста на вакцината, потенцира Харис.