Перински до Арсовска: Епа, градоначалничке, ќе имате многу за објаснување

/

Златко Перински, екс директорот на водовод и канализација, се огласи по повод неговата смена од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

„Е, па градоначалничке ќе имате доста за објаснување.

ЕИБ ја демантира Арсовска и потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е во согласност со правилата и процедурите.

ЕИБ заклучува:

-Од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата.



-Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки.

-До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин.

-Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата“, вели Перински.

Претходна статија

Шведска: На изборите победи десницата, премиерката Андерсон призна пораз и за денеска најави оставка

Следна статија

Јапонската амбасада го завршува проектот на Инфективната клиника во Скопје

Најново од Вести