|

ВО КЕШ ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ПЛАЌАМЕ ДО 3000 ЕВРА

Со последните измени на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, зголемен е прагот за готовинско плаќање од досегашните 500 на 3.000 евра.

Измените беа усвоени по скратена постапка на собраниската седница одржана на 27 декември, по предлог на пратеницте Ејуп Алими, Реџаиљ Исмаили, Агим Шаќири, Александар Филиповски, Агим Муртезанов и Мирослав Јованов.

Порталот СакамДаКажам потсетува дека во обид да се намали сивата економија прагот за плаќање во готово најпрво беше намелен од 15.000 на 2.000 евра. На први јануари 2019, беше спуштен на 1.000 евра, а од јуни на 500 евра.

Слични Објави