Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во Тетовско
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај село Фалише, се упати во Тетовско, известуваат од ЦУК.
Според пријавата за пожар во ЦУК преку Единствениот број за итни повици 112, гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком“. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и од Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми, кои може да помогнат со машинерија бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот, велат од ЦУК.
Инаку, Ангелов координира и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово не дозволуваат гаснење пожар од воздух во овој момент, додаваат од ЦУК.
Од ЦУК препорачуваат населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не пресстојуваат надвор, на отворено.