| |

ПЛАНИНАР ОД ХРВАТСКА ПОЧИНАЛ НА ГОЛЕМ КОРАБ

Хрватот Петар П. (58) од Сплит починал вчера попладнето на планината Голем Кораб при планинарење со планинарско друштво, информира полицијата.

Во 18.20 часот во Центарот за информации и команда – Тетово, било пријавено дека на планинар од Хрватска му се слошило и паднал во безсознание, во местото викано Кобилино поле, во атар на Маврови Анови, на Голем Кораб.

Групата броела околу 20-ина планинари, државјани на Република Хрватска и сите од планинарско друштво од Сплит.

Бидејќи местото каде што планинарот се онесвестил било прилично одалечено од ПС Стрезимир, а поради непристапен терен со возило не може да се стаса до местото, веднаш бил повикан хелихоптер на МВР.

Припадниците на полицијата со хелихоптер го транспортирале планинарот во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, но лекарите само констатирале смрт.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот денес ќе биде извршена обдукција.



Слични Објави