„РЕКЕТ“ ОДЛОЖЕН, АДВОКАТИТЕ НА ЈАНЕВА СЕ РАЗБОЛЕА
Денешното рочиште за случајот “Рекет” се одлoжи за во четврток 23 јануари, бидејќи во судница не беа присутни адвокатите на обвинетата Катица Јанева. Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.
Судијката Васка Николовска Масевска соопшти дека Кадиев и Фрчкоска доставиле барања за одлагање бидејќи биле болни. За разлика од Кадиев, Фрчкоска нема доставено документација за нејзината состојба.
На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова.
