ПАПАНДРЕУ СО ПОЗИТИВНА РЕАКЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Поранешниот грчки премиер и претседател на ПАСОК, Јоргос Папандреу и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја поздравија вчерашната одлука на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

Папандреу преку неговиот официјален „Твитер“ налог оцени дека е тоа е позитивна порака, а Катругалос во писмена изјава вели дека е исправена големата грешка на ЕУ.