ПРИНЦОТ ЧАРЛС ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС
Наследникoт на британскиот престол, принцот Чарлс, е заразен со коронавирус, јавуваат светските медиуми.
Како што се вели, тој има поблаги симптоми и се чувствува добро и се наоѓа во изолација.
Неговата сопруга Камила (72) не била заразена со коронавирус.
Тој, наводно, се разболел и бил позитивен на коронавирус уште минатата недела, поради што на персоналот со кој бил во контакт му било кажано да се самоизолира.