ГДУ во посета на Охрид, следна станица Битола (ГАЛЕРИЈА)

//

Денеска во 12 часот членови на Иницијативниот комитет за основање на ГДУ се сретнаа со граѓаните на Охрид. Балканскиот Ерусалим е третиот град по Куманово и Кичево, што беше посетен од активистите на ГДУ. Членовите на ИК на ГДУ ги запознаа Охриѓани со основните цели и принципи на Граѓанско Демократската Унија.
Средбата со граѓаните на Охрид помина во позитивна атмосфера, со размена на многу интересни идеи, околу развојот на демократијата во Македонија и пред се зацврстувањето на граѓанското општество, како основен фактор за креирање на една подобра иднина на нашата земја.
Следна станица на „караванот“ на ГДУ е градот Битола. Денеска во 17 часот Битолчани ќе можат да се запознаат со идеите и целите кои си ги има поставено Граѓанско Демократската Унија.

This slideshow requires JavaScript.



Претходна статија

ГДУ во посета на Кичево (ГАЛЕРИЈА)

Следна статија

Столтенберг следната недела во посета на Македонија

Најново од Вести