| |

Објавен е рокот за поднесување документи во рамките на програмата „Нераскажаните приказни за Бугарите“

Крајниот рок за поднесување документи во рамките на Националната програма „Нераскажаните приказни за Бугарите“ е 15 ноември. Ова го соопштија од бугарската амбасада во Лондон на нивната веб-страница.

По програмата можат да аплицираат организациите на Бугарите кои живеат надвор од Бугарија, задграничните претставништва и бугарските православни црковни општини во странство, во кои функционираат бугарските неделни училишта во странство, поддржани од Министерството за образование и наука, како и државните универзитети и научните институти на БАН, кои испраќаат професори по бугарски јазик и литература на странски универзитети.

Националната програма претходно ја објави Министерството за образование и наука. Целта е да се спроведе истражување со цел зајакнување на бугарскиот национален идентитет и популаризација на бугарскиот јазик, традиции и култура.

Насоките се за истражување и презентирање на информации и сведоштва за: генеалошки истории на значајни настани и поединци со придонес за државата во која што се наоѓаат; придонесот на достојните Бугари или фактите и околностите од минатото поврзани со бугарската историја во странство; придонесот на достојните современи Бугари, кои се симбол на цивилизацискиот, културниот и научниот развој на земјите низ светот.

Повеќе информации за програмата, како и условите за аплицирање, можете да најдете овде.



Слични Објави