ГДУ во посета на Кичево (ГАЛЕРИЈА)
Денеска во 17 часот членови на Иницијативниот комитет за основање на ГДУ се сретнаа со граѓаните на Кичево. Оваа посета е дел од активностите на ИК на ГДУ, што има за цел да ги запознае граѓаните со основните цели и принципи на Граѓанско Демократската Унија.
Според извори од ИК на ГДУ средбата со Кичевчани поминала во позитивна атмосфера, со размена на многу интересни идеи, околу развојот на демократијата во Македонија и пред се зацврстувањето на граѓанското општество, како основен фактор за креирање на една подобра иднина на нашата земја.
Следните градови што ќе бидат посетени од активистите на ГДУ се Охрид и Битола. Во Охрид средбата со граѓаните ќе се оддржи во 12 часот во сабота, додека во Битола, членовите на ИК на ГДУ ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања на заинтересираните граѓани во 17 часот на истиот ден.