Туск го поддржа приоритетот на Бугарското претседателство за проширување на ЕУ кон Балканот

//

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера во Бугарија на церемонијата по повод бугарското претседавање со ЕУ, испрати порака дека земјите од Западен Балкан заслужуваат стабилност и просперитет, а улогата на ЕУ е да го оствари тоа.

– Историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото на „Игри на тронови“, иако нема змејови.  Ние сите би сакале сегашноста и иднината на Балканот да бидат со помалку драматични сценарија. Стабилноста, безбедноста, просперитетот – е она што луѓето од целиот регион го заслужуваат и улогата на ЕУ е да помогне таквото сценарио да стане реалност.

Добро е што еден од приоритетите на бугарското претседателство е иднината на Западен Балкан. Кој ако не вие, потомците на Спартак, наследниците на најстарата европска држава, вие кои никогаш не сте изгубиле знаме во некоја битка, би бил подобро позициониран и на висина на оваа важно и исклучително тешка задача, да се обнови европската перспектива за целиот регион. Вие отсекогаш бевте одлучни и храбри, што го потврдивте и последниве години, и затоа јас верувам дека во текот на вашето претседателство, вие ќе бидете исто ефикасни како Христо Стоичков на Светскиот куп пред четвртина век. Со премиер кој би исплашил еден Тракијски воин, вие сигурно ќе успеете во тоа – рече Туск во својот говор.



Туск ја отвори церемонијата рецитирајќи поезија на бугарски јазик. (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

Во следните седум дена Законот за двојазичност е во рацете на Иванов

Следна статија

Законот за јазиците ги распали зборовите

Најново од Вести