ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР НЕ САКА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ТРУПИ ОД ИРАК

Ирачкиот премиер Адел Абдел Махди се спротивставува на барањето американските трупи да ја напуштат неговата земја, јавува „Независимаја газета“ .

Барањето за повлекување на американските трупи од Ирак беше испратено од дел од ирачкиот парламент, откако Касем Солејмани, командант на силите на Ал-Кудс во корпусот на Иранската револуционерна гарда, беше убиен во воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад.

Според западни извори, премиерот инсистирал присуството на САД во неговата земја да продолжи.