Законот за јазици повторно во Собрание

//

На 32 седница на Собрание на РМ, како прва точка на дневен ред за повторно одлучување е ставен Законот за употреба на јазиците. Законот се враќа пред пратениците откако првпат претседателот на државата стави вето на неговото донесување. Законот ќе биде предмет на разгледување пред Венецијанската комисија, а во меѓувреме, опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе се обиде да го спречи или барем да го одложи на подолг рок неговото донесување со поднесени 32.000 амандмани.

Партиите од владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ, како и Беса не поднесоа амандмани за законот.

Пред собраниската седница треба да се одржи и редовната понеделничка координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи од која се очекува да произлезе договор како ќе се одвива седницата имајќи го предвид бројот на поднесните амандмани, но и фактот што во Собранието првпат се применува ставот 3 од членот 173 на Деловникот и директно на пленарна седница ќе се гласа за амандмани произлезени од укажувања на претседателот на државата.



Неизвесно е дали претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на координацијата со Џафери. Влатко Ѓорчев, кој сега ја координира работата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во петокот најави дека тие на седницата ќе настапуваат „како и досега“ односно со десет пратенички групи.

Претходна статија

„ПОТКУП“ денес со ново рочиште

Следна статија

Нимиц денеска во Атина, од среда во Скопје

Најново од Вести