СУДЕЊА: НОВИ РОЧИШТА ЗА „ТНТ” И „ТРАЕКТОРИЈА”

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за случаите „ТНТ” и „Траекторија”.

Судењето за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски треба да почне од почеток, откако вчера судијата поротник Лилјана Ивановска Кочковска поднесе неотповиклива оставка, јавува ММС.

Судијата Огнен Ставрев ја повика одбраната да ја почне постапката одново, но само со читање на досега изведените материјали.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Целиот напис прочитајте го овде.