ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ОДАТ НА ОБУКИ ЗА ПОЕФИКАСНО ДА РАБОТАТ И ПОДОБРО ДА КОМУНИЦИРААТ

Инспекторите од Град Скопје ќе одат на обуки за поефикасно да го вршат инспекцискиот надзор. Град Скопје склучи договор за образовни услуги и услуги за стручно усовршување со Друштво за друго образование на возрасни и консалтинг услуги „Академија Ц. Е. С. – Скопје“. Вредноста на договорот е 543.036 денари (8.800 евра) со пресметан ДДВ.

loading...

Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, ќе се обучуваат 39 инспектори за решавање на проблеми со цел спроведување ефикасен и унифициран инспекциски надзор. Инспекторите треба да стекнат и комуникациски вештини и тоа еднонасочна и двонасочна, вербална и невербална, формална и неформална комуникација. Исто така, во текот на обуката испекторите ќе се обучуваат и како да избегнуваат недоразбирање и конфликти при работа на терен.

Град Скопје и скопските општини од први јануари година имаат заедничка инспекција. Тоа значи дека сите инспектори, и на Град Скопје и на Општините, можат секаде да интервенираат и да казнуваат за прекршоци од комуналната сфера и загадувањето. За цело Скопје сега има вкупно 115 инспектори и комунални редари, а се координирани од Инспекторатот на Град Скопје.



loading...