Буфон: Сѐ уште не знам дали ќе заминам во пензија ова лето

Легендарниот италијански голман Џиџи Буфон призна дека сѐ уште не донел конечна одлука дали ќе ја заврши кариерата по крајот на сезоната.

После големиот дебакл со репрезентацијата на Италија која не успеа да се пласира на Светското првенство Буфон најави дека се простува од националниот дрес и дека ова најверојатно ќе биде неговата последна сезона во фудбалот. Меѓутоа, Буфон сѐ уште не ја донел конечната одлука за тоа.

„Иднината сега не е мој примарен проблем. Во фудбалот сум скоро 30 години и морам да размислам. Сѐ уште немам одлучено бидејќи морам да разговарам и со претседателот на Јувентус. Сакам да донесам исправна одлука и тоа ќе го направам во разговор со луѓето кои ме разбираат.“ – рече Буфон и додаде:

„Јувентус е клуб кој ми даде сѐ и ветив дека ќе бидам тука се додека му бидам потребен. Како што реков, морам да разговарам со претседателот и сите во Јувентус и дури тогаш ќе ја донесам конечната одлука околу тоа што ќе се случи после оваа сезона.“

Извор: Sportski.mk

Слични Објави