Златан Ибрахимовиќ го напушта Манчестер Јунајтед?!

Златан Ибрахимовиќ се опорави од тешката повреда на лигаментите на коленото и се врати во екипата на Манчестер Јунајтед, но се чини дека неговата авантура на Олд Трафорд се ближи до крајот.

Имено, ESPN пренесува дека Златан Ибрахимовиќ е се поблиску до трансфер во МЛС Лигата, во екипата на Л.А.Галакси.

Ибрахимовиќ и во минатото се поврзуваше со Л.А.Галакси, но поради повредата која ја здоби трансферот пропадна.

Златан Ибрахимовиќ  успешно се опорави од поврдата, а новинарите на ESPN сметаа дека доаѓањето на Алексис Санчез дополнително ќе ја намали неговата минутажа. Поради тоа повторно се појавија шпекулации околу заминувањето на Златан од Олд Трафорд.

Според иститe извори, Галакси веќе стапил во контакт со Ибра и наводно преговорите се во напредна фаза и наскоро се очекува да дојде до договор.

Извор: Sportski.mk



Слични Објави