| |

ДАНГОВ: ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ДА БИДЕ ИЗЗЕМЕНА ОД „ТИТАНИК“ ПОРАДИ ПРИТВОРОТ НА ЈАНЕВА

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување во предметот.

„Со респект кон обвинителката Лиле Стефанова, кон која, сите во салата имаат почит, таа нема право да го застапува овој предмет“, рече Дангов и образложи дека тоа е поради правните дејствија во предметот “Рекет”.

Обвинетиот Илија Димивски рече дека бара во предметот „Титаник“ да прекине главната расправа, до завршување на постапката во Советот на јавни обвинители и Собранието за Катица Јанева, бидејќи не е е сигурно дали други предмети на Јанева, како што рече, се инфицирани со сериозни сомнежи, рекет кон бизнисмени и уцени кон политичари.

Судијата, Осман Шабани, даде получасовна пауза.

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во овој случај обвинети се и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги обвини за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Извор: Макфакс

Слични Објави