Бугарија ќе учествува во разговорите за Ормускиот теснец, но нема да се приклучи на воена операција
Бугарија ќе учествува во меѓународните разговори за решавање на проблемите со бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, но нема да биде дел од воена операција, соопшти Министерството за надворешни работи, пренесе БНТ.
Средбата, на која се поканети 35 држави од страна на британскиот премиер, ќе се одржи во четврток преку видеоконференциска врска. На неа ќе се разгледуваат можности за повторно отворање на теснецот, кој е сериозно погоден од конфликтот на Блискиот Исток.
Велика Британија ја предводи дипломатската иницијатива, во која учество најавиле Франција, Германија, Италија, Холандија и неколку земји од Персискиот Залив. Ормускиот теснец е клучна рута преку која се транспортира околу 20 проценти од светската нафта.

