ЗА ТИТО, БЕЛГРАД, СРПСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ЈАЗИКОТ НА ОМРАЗАТА (2)

//

Пишува: Никола Стојанов

Уште Христо Ботев предупредува за српските претензии кон Македонија, за опасностите од подмолното капење мед од устата на Србите. Во 1869 г. по повод лутењето на весниците во Белград дека македонските Бугари ги бркале српските учители „што ги носеше добротворната српска Влада, за да ги школува Бугарите“, појаснува зошто е таа реакција.

„Извинете браќа, затоа што не сакаме да ги прифатиме вашите книги, вашите учители и вашата круна; затоа што сето тоа што ни го давате не е бугарско, не е наше-туѓо е, ниско и подмолно е за нас“.

Согледувајќи ја замката на „југофедерацијата“ идеја наметнувана од Русија, Ботев ќе напише:

„Нема славјанин, јужен или западен, нема свесен човек, којшто би можел да прифати таква апстрактна идеја, како таа на Русите. Со нејзиното остварување ќе се проголтаат цели народности, поделени една од друга со историја, литература, нарав и обичаи. Со хемиското сврзување на такви народности, се случува композиција на ропството, на отровот, каква што ја трпи речиси цел век Полска (Варшавското кнежество во рамките на Руската империја)“.

Седумдесет и пет години подоцна на Балканот се појавува федерација од типот за којшто предупредува Ботев. Титовистичка Југославија. Не после 1944 г. како што сметаат некои наши недоучени научници, туку уште по Нејскиот договор од 1919 г., којшто го дава Повардарието на Кралска Југославија. Таму до ден денешен се во тек невидливи процеси за србизирање на Вардарска Македонија.

Со Тито начело, под лажното знаме на „антифашистичката борба против бугарските окупатори“, Вардарска Македонија според неговата волја и со предавничкото соучество на Георги Димитров, заплака под комунистичката „чизма“.

Проф. Кирил Топалов пишува: „Кога се создаваше таа вештачка држава по 1944 г. за една ноќ- тн. Крваво Коледе“ во 1945 биле убиени 30 илјади луѓе, кои за време на бугарското владеење таму се самоопределиле како Бугари. Биле убиени учители, чиновници, службеници во поштите, службеници во железничките станици. Други стотици илјади биле испратени во логори.

Македонскиот новинар Владимир Перев пишува: „Врв на македонистичките идеи са заседанието на АСНОМ од 2 август 1944 г. во манастирот „Прохор Пчињски“ и документите полни со антибугаризам, реваншизам и јасна насока кон бољшевизација на општеството. Главниот столб на тенденциите за просрпската линија на македонското раководство се широко прокламираните идеи за „самостојни македонски јазик и нација и сопствена македонска историја“, нешто што се претвора во главен мотор на србизацијата на македонскиот народ“.

Првиот македонски политичар, којшто се осмели да го покрене прашањето за репресиите на титовистичкиот режим во Вардарска Македонија беше Љубчо Георгиевски. Уште во 1995 г. тој во една за тогашните стандарди скандалозна статија напиша: „Само ќе ги потсетам горенаведените интелектуалци дека од 1945 до 1990 г. Македонија беше жртва на титовистичката југословенска диктатура“.

Истиот талентиран македонски творец во стихозбирката „Град“ (1991 г. ) преку алегории опишува како се извитоперува „македонскиот јазик“.

„О, доста доста беден народе…
ти народ не си, името што ти го прекрстија…
јазикот ти го сменија…
минатото ти го излажаа,
не вие народ не сте…
вие добиток сте биле…“

Човекот што ја раководел операцијата за силување на Вардарска Македонија, бил садистот Светозар Вукмановиќ-Темпо, во криминална соработка со партискиот шеф Лазар Колишевски, придонесуваат за наметнувањето на култот кон личноста на маршалот Тито.



Важноста на Тито за судбината на народите на Југославија е несомнена. Отзвукот на неговата смрт на 4 мај 1980 г, ја докажува ефективноста на методите за медиско зрачење, преку кои за 35 години, успеале да претворат Тито во големиот чипиран брат за народите на Југославија.

Тито станува светски познат како лидер на моќно партизанско движење. Перо Симиќ во книгата „Тито-Тајната на векот“, го опишува неговиот погреб.

„Британската премиерка стави до ковчегот на Тито, бели маргарити, советскиот лидер Леонид Брежњев, венец од лилјакови орхидеи, лидерот на комунистите во Португалија Алваро Куњал го поздрави Тито со стисната тупаница над главата. Своите солзи не можеа да ги сокријат претседателот на Ирак, Саддам Хусеин и германските лидери Вили Брандт и Хелмут Шмит. За да го испратат доживотниот претседател на СФРЈ на погребот беа присутни повеќе од 1 милион Југословени“.

„Владеј со кадифени ракавици“ е језуитската мудрост што му гарантира на Тито долг и успешен политички живот.

И покрај тоа што се случува разривот меѓу Тито и Сталин во 1948 г. во Југославија сликата не се менува драстично. Портретот на Сталин е насекаде. На приредби, во кабинети на паради. Насекаде ликот на Сталин е заедно со ликот на Маркс, Енгелс, Ленин и Тито. Тито се надева до летото на 1949 г. дека Сталин ќе му се смири, но тоа не се случува и за момент југословенскиот лидер започнува да се плаши. Но стравот не го држи долго и тој пред своите најблиски луѓе истакнува:

„Другари, ние можеме и сами да раководиме, да можеме и сами“.

Се случува прецедент. Тито како тигар се бори за да се претвори во моќно политичко животно, потврдувајќи ја дефиницијата на Аристотел дека човекот е зоон политикон.

ЗА ТИТО, БЕЛГРАД, СРПСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ЈАЗИКОТ НА ОМРАЗАТА (1)

Продолжува…

Претходна статија

РАНИ КУЧЕ ДА ТЕ ЛАЕ-КРАТОК РАСКАЗ ЗА ТОА КАКО СТАНАВ „ВЕТОВИСТ“

Следна статија

БУГАРСКИ ДИРИГЕНТ

Најново од Истакнато