ЗА ТИТО, БЕЛГРАД, СРПСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ЈАЗИКОТ НА ОМРАЗАТА (1)

//

Пишува: Никола Стојанов

Темата е фиксирана врз корените на македонизмот и неговите порази. Концепциски таа е поврзана со познатиот антиутописки роман на Џорџ Орвел „1984“. Таму пишува: „На секој ѕид спроти лифтот, во него гледаше огромното лице на постерот. Портретот беше нацртан така што очите да те следат на каде и да се свртиш. Ликот со црните мустаќи стоеше на секое поцентрално катче. Исто и на фасадата од спротива. ГОЛЕМИОТ БРАТ ТЕ НАБЉУДУВА, велеше натписот, а темните очи го прободуваа Винстон “.

Во романот објавен за едно од најголемите книжевни дела на светската литература за минатиот век, британскиот писател Џорџ Орвел ја опишува Океанија, тоталитарна мегадржава. Таму војната е прифатена за нормална состојба на мирот, а власта ги претвора во зомбирани суштества луѓето со слоганите: „Слободата е ропство“, а „Неписменоста е сила“.

Четири години пред Орвел да го објави својот роман, низ цела Југославија, од илјадници портрети маршал Тито, набљудува како партијата и народот ги спроведуваат комунистичките идеи. И покрај фактот што Тито бил Хрват, тој е симболот на српскиот фактор во вардарскиот дел на Македонија.

Еден „ борец за македонската вистина“- Ивор Мицковски исто така се повикува на романот на Орвел. „Според Бугарија, Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не ни постоел до 2 август 1944 г“. Според Мицковски не Белград, туку Бугарите сакаат да ја играат улогата „Голем брат на Македонија“.

Од романот во којшто сижето фиктивно тргнува од 1984 г. се поминати 37 г. Младата држава Северна Македонија, продолжува да биде „прободувана“ од „психотронските очи“ на големиот брат Тито, низ портрети и бисти низ целата земја. Речиси како да ги диктираат мислењето и емоциите на македонските политичари и историчари. Сите тие како давеници се фатени за лажниот спасувачки појас на македонизмот, создаден како доктрина во Белград.

За последен пат Скопје подскажа дека Големиот брат на Македонија после Тито е Белград, откако премиерот Заев ги поздрави сите Срби со големосрпскиот празник „Св Сава Српски“ и го најави враќањето на српскиот јазик во училиштата докажувајќи со тоа дека „папочната врвка“ со Белград не е прекината. Тоа што го направи Заев е слично на тоа Бугарија да воведе задолжително изучување на руски јазик. Заев ја докажа валидноста на стокхолмскиот синдром (садо-мазохистичката преградка меѓу жртвата и насилникот). Ја потврди и тезата дека македонската нација е инцестоиден плод на насилствата вршени врз Бугарите во Македонија по 1944 г.



Еден српски светец Св. Николај Српски (1860-1956), објавен од Русија за еден од најголемите Срби на XX век, канонизиран во 2003 г. во крајот на Првата светска војна во лекција прочитана во Кентарбериската катедрала го кажува следното нешто:

„Македонија е гнездото на српската душа“ и додава дека да се тврди дека Македонија не ѝ припаѓа на Србија е се едно да се каже дека српската душа не им припаѓа на Србите. „Можете ли да ја замислите Англија без Стратфорд, родното место на Шекспир? Така и ние не сме способни да ја замислиме Србија без Прилеп, без изворот, без лулката на нашата народна поезија…“

Продолжува…

ЗА ТИТО, БЕЛГРАД, СРПСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ЈАЗИКОТ НА ОМРАЗАТА (3)

ЗА ТИТО, БЕЛГРАД, СРПСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ЈАЗИКОТ НА ОМРАЗАТА (2)

Претходна статија

РАДЕВ ЌЕ ДАДЕ МАНДАТ ЗА СОСТАВ НА НОВА ВЛАДА И НА СОЦИЈАЛИСТИТЕ

Следна статија

СОПРУГАТА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Ѝ ПОМОГНА НА БАБА ВЕЛИКА ОД ГОВРЛЕВО

Најново од Истакнато