СУДЕЊЕТО ЗА МОНСТРУМ ПО ТРЕТПАТ СЕ ВРАЌА ОДНОВО, СУДЕЊЕТО ПРОДОЛЖИВА НА 3 ФЕВРУАРИ

Судскиот процес Монструм по третпат се враќа одново. Причина за тоа е промена на судијка поротничка, чиишто мандат и истекува во март, но и оставката на поротничката. Станува збор за истиот судечки совет кој суди и во случајот ТНТ. Судот назначи нова судијка поротничка. Поради промена во судечкиот процес, судењето се врати одново, но во овој случај само од формален аспект. Одбраната и обвинителството се согласија да не се повикуваат сведоците кои веќе дадоа исказ во доказната постапка, туку сѐ што е изведено да се вметне во новиот записник, а судењето да продолжи онаму каде што застана. Од кривичниот суд објаснија зошто има ваква пракса.

Во судницата родителите на момчињата доставија видео од собраниски говори, како дополнителни докази. Нови сведоци ќе повика и Обвинителството. Станува збор за Зоран Трајковски, Ѕвонко Костовски, Зоран Заев. И одбраната со дополнителни докази, односно полициските службеници кои први пристигнале.

Oбвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевсли. Во Монструм обвинети се шестмина за петкратното убиство во 2012 година кај Смилковското езеро. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство. Тие добија нов адвокат по службена должност, откако досегашниот Насер Рауфи се повлече како нивен бранител. На обвинителна клупа се седнати четворица од обвинетите, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.