СОПРУГАТА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Ѝ ПОМОГНА НА БАБА ВЕЛИКА ОД ГОВРЛЕВО

Сопругата на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, г-ѓа Билјана Ангелова со нова хуманитарна акција. Г-ѓа Ангелова ја посети баба Велика од село Говрлево и ѝ однесе храна и средства за хигиена. Сопругата на амбасадорот апелираше до сите што можат да и помогнат на оваа баба а и на сите кои имаат потреба.

„Прекрасни луѓе, денес стигнав до баба Велика. Секоj коj сака може да помогне со што може. Таа нема струja, дури и чешмата која е пред куќата не работи. Баба Велика е многу фина жена. Живее пред село Говрлево, под самиот пат.

Немаше како да знам дека баба Велика била родена баш на Велики Четврток, во 1938г. Затоа и така се вика. Денес го прославивме и неjзиниот ден. ❤ Го пишувам сето ова да ве инспирирам да пишувате или да инспирирате ваши колеги и приjaтели и така да дадете среќа за некого коj има ВИСТИНА голема потреба од нашата поддршка“, напиша во групата Среќна среда г-ѓа Билјана Ангелова.