Д-р Врабевски: Културната интеграција ја сметам за најдобра форма на европска интеграција
„Во една поранешна југословенска структура секогаш има поединци на кои не им се допаѓа улогата на интеграцијата, тие поединци треба да бидат игнорирани и да продолжиме понатаму. Од мене како инвеститор се очекува на територијата на оваа земја да бидам активен во манирот на филантроп – кога има потреба да се поддржи некаква иницијатива, треба да бидам на линија, особено кога истата е во поддршка на евроинтеграциите“, изјави д-р Милен Врабевски, претседател на Фондацијата „Бугарска памет“ за Бугарската национална телевизија.
Д-р Врабевски нагласи дека културната интеграција ја смета за најдобра форма на европска интеграција. Овие иницијативи не треба да бидат исклучок, туку треба да бидат дел од стратегија и демонстрација на меѓусебна добра волја.
Д-р Врабевски инвестира и во опрема за училиштата во РСМ, но не очекува благодарност.
„Не очекувам ништо од децата во кои инвестирам. За мене е многу важна образовната квалификација. Многу е важно да се соберат децата од двете страни на границите, бидејќи тие наоѓаат начин да бидат доволно блиску еден до друг, меѓу нив нема конфликти“, потенцира д-р Милен Врабевски.
За едукативните иницијативи е потребно време за да бидат реализирани, а причината за тоа лежи во југословенскиот начин на размислување.
„Тој доминира и продолжува да биде антибугарски. За да се неутрализира на некој начин овој принцип, неопходна е чиста форма на интеграција во европското семејство“, дециден е претседателот на фондацијата „Бугарска памет“ д-р Врабевски.
Целиот разговор со д-р Милен Врабевски во емисијата „Уште од денот“ на Бугарската национална телевизија можете да го погледнете на следниот линк.