| |

ЈОРДАНОСКИ ОД ГДУ ГО ПРЕДИЗВИКА САШО ДОНЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ НА ТВ ДУЕЛ ЗА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА ОХРИД

„Гледам дека некој многу се навредил и чинам сам си ја брка мувата што ја има на капата…
Почитуван господине Saso Donev ме радува вашата самодоверба и би бил пресреќен ако имате храброст да го пренесете тоа на ТВ дуел. Ве очекувам во секое време и оставам на вас да изберете време, место и дополнително да си земете правници и некој соработник, па ќе ги соочиме фактите и ќе видиме кој каде и зошто. Воедно ќе ја искористиме приликата и ќе поразговараме за УНЕСКО, за дивоградбите, за Џамијата, за партиските вработувања, за дивите плажи, за затвотрениот базен, за игралиштето во Лескоец, за кејот и за многу други работи.
Соберете храброст и одберете место…Што се однесува до мене би прифатил и во штабот на ДПМНЕ…“, напиша на својот профил претседателот на ЛК ГДУ-Охрид, Даниел Јорданоски, кој денеска оддржа прес-конференција на која јавно го праша претседателот на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дали знае кој и како ги добива работните места во охридската болница.

Веднаш потоа Донев побара извинување од Јорданоски, велејќи дека го допрел дното во борбата за да го крене рејтингот на ГДУ и се закани со тужба ако не добие извинување за тврдењата изнесени од претседателот на локалниот клуб на ГДУ во Охрид.

Слични Објави