МАКЕДОНЦИ СЕ ПИШУВАЛЕ АЛБАНЦИ И ТУРЦИ ЗА ДА ДОБИЈАТ РАБОТА ВО МУЗЕЈОТ ВО СТРУГА

Kандидати што се пријавиле на огласот реагираат дека се изиграни поради неправилно спроведениот конкурс Македонци што се потпишале како Албанци и Турци се избрани на конкурсот за вработување во струшкиот музеј „Д-р Никола Незлобински“, објавен пред два месеца.

За позицијата кустос-археолог во огласот е нагласено дека е за Албанец (според Рамковниот договор). Зa оваа позиција избрана е кандидатката Светлана Наумоска. За огласот биолог-зоолог наменет за Турчин(ка) е избрана Ангела Тасеска.

Kандидати што се пријавиле на огласот реагираат дека се изиграни поради неправилно спроведениот конкурс. Според пропозициите, огласот за националности се објавува двапати. Ако не се избере соодветен кандидат, местата се пополнуваат со третиот објавен конкурс, на кој може да се пријави секој. Овие кандидати се избрани по првото објавување на огласот. (Целата сторија прочитајте ја на Факултети.мк)

Автор: Весна Ивановска Илиевска