|

ТИМОНИЕ: ВЛЕЗОТ ВО ЕУ ЗАВИСИ ОД КРЕДИБИЛНОСТА НА СУДСТВОТО

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние  вели дека е важно да се донесе Закон за јавно обвинителство, како и оти влезот на земјава во Европската Унија зависи многу и од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата.

– Пожелно е и важно е да биде донесен Закон за јавно обвинителство, затоа што тоа е барање уште одамна од Европската Унија и од државите членки, затоа што со тоа треба да се зајакнат но и затворат сите судски постапки кои беа отворени и отпочнати од Специјалното јавно обвинителство. Потребно е да се зајакне правната рамка, но исто така и да потсетиме на одредени принципи во однос на очекувањата на меѓународната заедница во поглед на оваа земја особено и во поглед на ЕУ, затоа што станува збор за повторно внесување на чувството за одговорност, но и за основање на судство што ќе биде ослободено од заробеноста на партиите, рече Тимоние во интервју за агенцијата „Макфакс“.

Францускиот амбасадор подвлече дека е потребно и да се воспостави рамка за борба против корупцијата, но и за сите појави кои се појавиле или кои се уште постојат во однос на мешањето на финансиските работи со политичките работи кои што, како што рече, го минираат економскиот развој и довербата на граѓаните во однос на судскиот систем.



Слични Објави