ДОНЕВ СО НАВРЕДИ И ЗАКАНИ КОН ЈОРДАНОСКИ: ЌЕ ПОДНЕСАМ ТУЖБА, МОЈАТА СОПРУГА НЕ БЕШЕ ПРИМЕНА НА СПОМНАТИОТ КОНКУРС

„Портпаролот на ГДУ го допре дното. Незнаејќи како да го подобри рејтингот на својата партија почна да се служи со лаги и невистини на најнизок начин, предизвикувајќи повреда на честа и угледот на споменатите лица на својата клеветничка прес конференција.
Го повикувам да ја праша јавно директорката на болницата зошто за лекари не се примени највисико рангираните кандидати туку примила послабо рангирани кандидати по нечија директива.
Имено, на конкретниот конкурс кој се споменува не беа примени ни најдобро рангираната кандидатка ни мојата сопруга, токму заради партиска неподобност. Примени беа лекари со понизок успех на тестирањата, додека објавената табела е табела на освоени бодови од успех, стручен испит и странски јазик а не листа на избрани кандидати. 
Го повикувам согласно Законот јавно да се извини во рок од 24 часа на начин и место како што беа првично дадени лажните тврдења, во спротивно до надлежниот суд ќе биде покрената соодветна тужбена постапка“, објави на својот профил претседателот на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Сашо Донев.

Реакцијата на Донев, доаѓа по прес-конференцијата на претседателот на ЛК ГДУ-Охрид, Даниел Јорданоски, кој јавно праша дали спомнатиот погоре знае кој и како добил работно место во болницата во Охрид.