МУКОСКИ КОН МИЛОШОСКИ: ЈАС СИ ГО ОДЛЕЖАВ СВОЕТО ЗА 27 АПРИЛ, ЖАЛ МИ Е ШТО ВИЕ НЕ ОДГОВАРАТЕ

„За несвесната грешка на 27 април си го одлежав своето. Жал ми е што вие не одговарате“, рече пратеникот Крсто Муковски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи му на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во дебатата за законот за јавно обвинителство рече го критикуваше за собраниските настани од 27 април забележувајќи и дека  СДСМ претходно ја обвиниле фирмата на Мукоски за криминал, а денес тоа не е случај. 

„Што се однесува до 27 април, ќе ви кажам неколку збора. Крсто Мукоски за таа несвесна грешка што ја направи си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе коишто ги упатуваа горе луѓето да го направат тоа што го направија, а ќе ве потсетам на една изјава што беше дадена од сведок којшто во моментов е во бегство, не барајте го Љубен Арнаудов, качете се горе, целта е Заев“, наведе Мукоски.