|

ДИМОВСКИ ПОБАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА „ТАЛИР“ БИДЕЈЌИ ДВЕ ОД ПОРОТНИЧКИТЕ ЌЕ НАПОЛНЕЛЕ 60 ГОДИНИ

Пратеникот Илија Димовски, како обвинет во случајот „Талир“ побара да се одложи денешното рочиште, бидејќи две од поротничките набрзо ќе наполнеле 60 години, па случајот ќе требало да стартува од почеток.

Димовски побара од Судот да се одложи рочиштето со цел, како што кажа, да не дојде до повреда на постапката од апсолутен карактер, односно да не се случи одново почнување на постапката, поради, повикувајќи се на Законот за судии, кој вели дека поротниците кои ќе наполнат 60 години старост им престанува функцијата, а две од судечката порота во предметот тоа го исполнуваат.

Судијата Осман Шабани не го прифати барањето, но рече дека ќе го извести претседателот на Судот за забелешката на обвинетите.



Слични Објави