| |

Млади таленти од Северна Македонија и Бугарија создаваа уметност во Софија

Дел од канцеларијата на Фондацијата „Бугарска памет“ денеска се претвори во вистинско уметничко ателје, каде што млади таленти од Северна Македонија и Бугарија заедно создаваа слики инспирирани од најубавите знаменитости на Софија и Пловдив, јавуваат од Фондација Бугарска памет.

И покрај дождливиот ден во главниот град, атмосферата беше исполнета со инспирација и творечки дух. Учесниците имаа можност да се сретнат и со претседателот на фондацијата, д-р Милен Врабевски, кој лично ги поздрави за нивните прекрасни дела и ги охрабри да продолжат да го развиваат својот талент.

Настанот беше дел од иницијативите на Фондацијата за поттикнување на културна размена и пријателство меѓу младите уметници од двете земји.



Слични Објави