НАЧАЛНИКОТ НА ХРВАТСКАТА ВОЈСКА ВО ТРИДНЕВНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА
Во тридневна официјална посета на Република Македонија од денеска ќе претстојува висока делегација на вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од началникот на генералштабот на хрватската војска, генерал Мирко Шундов.
Генералот Шундов во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Во текот на денот, како што најавија од МО, генералот Шундов ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.
Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот .
Делегацијата на ВС на Република Хрватска, се очекува да посети и дел од командите и единиците на Армијата, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука.

