(Видео) Биков: Антибугарската теза во РС Македонија е антиевропска

//

„РС Македонија во моментов се наоѓа во процес на преминување од една во друга цивилизациска зона, од еден во друг геополитички простор. Ваквите процеси секогаш се поврзуваат со различни кризи, вклучително и со криза на идентитетот“, вели пратеникот од редовите на ГЕРБ во минатиот состав на бугарскиот парламент Тома Биков во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

Тој посочи дека преминувањето од еден во друг геополитички простор акумулира нови слоеви на идентитет. Биков потсетува дека во Бугарија овој процес се одвивал од 1989 до 1997-1998 година, кога се разјаснувал новиот слој на современиот бугарски идентитет.

„Сè уште се сеќавам на 1989-1990 година, како мислевме, каква беше нашата слика за западниот свет“, рече пратеникот од сега распуштеното 47 Народно собрание.

Според него, РСМ, која има осебен и нов идентитет, понов од бугарскиот и во оваа смисла истиот полесно променлив, ги доживува сите кризи на преминувањето од геополитички простор, кој е непостоечкиот простор на поранешна Југославија кон европскиот и западниот простор, каде што се наоѓа Бугарија.

„Мораме многу јасно да земеме предвид дека Бугарија и РСМ за прв пат по 150 години припаѓаат кон една иста геополитичка зона. Ова не се случило откако Бугарија излезе од Отоманската империја, а Вардарска Македонија остана во неа, а потоа поминува низ Србија и Југославија. Сега имаме можност да се сретнеме после толку време“, нагласува Тома Биков.

Во новата геополитичка реалност во која ќе почне да живее РСМ, луѓето кои ја застапуваат официјалната позиција ќе станат маргинални ликови.
„Станува збор за т.нар. антибугарска теза. Таа теза ќе почне да станува антиевропска. Тоа многу јасно ќе се види во ЕУ“, рече Биков.

Оние што ја исповедаат антибугарската теза сакаат да ја задржат РСМ во постјугословенскиот простор, каде што владее корупција и можности за правење секакви црни бизниси.
„Ние како општество мора да ја прифатиме одговорноста и заложбата да ги воведеме нашите пријатели од РСМ во нивната нова геополитичка позиција“, потенцира Тома Биков и додава: „И мораме да го направиме така што антибугарската теза навистина да стане маргинална. Како што се случи во Бугарија со официјалната комунистичка теза. Во моментов, официјалната теза, која важеше до 1989 година, е маргинална. Тоа не е официјално. Истото треба да се случи и во PCM. Потребно е време, потребна е работа и од наша страна“.



Биков смета дека е позитивен фактот што Бугарија во последните година-две успеа да го формулира својот интерес. Тоа е поврзано со тоа што бугарските граѓани ќе имаат еднакви права со сите останати таму. Наш голем интерес е да бидеме во заедничка геополитичка зона со македонското општество кое ни е најблиску“, изјави за БГНЕС Тома Биков.

Претходна статија

Мицкоски: Илинден е најсветлиот ден во македонската историја

Следна статија

Ноев: Во експлозиите на складови во Бугарија учествувале руски државјани поврзани со труењето на Сергеј Скрипал

Најново од Вести