|

Медиумите: Украинските бегалци во паника по објавувањето на новиот закон за мобилизација

Медиумите јавуваат дека се повеќе луѓе може да се забележат во украинските конзулати во одредени европски земји, откако Киев најави дека ќе воведе посебни казни за граѓаните кои бегаат од мобилизација.

Полскиот новинар Дмитриј Бородовој објави кратко видео и фотографии на поранешниот Твитер на кои се гледа голема група пред канцеларијата на украинската пасошка служба во Варшава, пишувајќи дека наводно станува збор за Украинци кои се во паника поради нацрт-законот за мобилизација што моментално го разгледува Украинскиот парламент.

Некои украински медиуми објавија слични фотографии кои наводно биле направени во други европски градови.

Така, порталот „Клименко тајм“ наведува дека пред украинскиот конзулат во Валенсија, Шпанија во редот имало дури 550 луѓе, додека некои Украинци биле принудени да преноќат таму за да си го спасат местото.

„Нови изданија“ објави слични фотографии за кои се вели дека се направени во Берлин, Краков, Прага и Келн, а кои на интернет ги споделиле граѓани на Украина.

Дури и пред нацрт-законот за мобилизација да биде претставен во парламентот во понеделникот, некои официјални лица навестија дека тој ќе ги таргетира Украинците кои живеат во странство, за кои Киев смета дека се подобни за регрутација.

Пратеникот Вадим Ивченко рече дека на таквите лица ќе им бидат одбиени конзуларните услуги, односно нема да можат да си ги обноват пасошите, што ќе го загрози нивниот правен статус во земјите во кои моментално се наоѓаат.

Естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланемец минатата недела изјави дека неговата влада може да ги „предаде“ воено способните мажи кои побегнаа во балтичката земја по ескалацијата на руско-украинскиот конфликт.

Тој процени дека бројот на такви лица во Естонија е околу 7.000.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја и се потребни до 500.000 нови регрути, откако претрпе големи загуби во неуспешниот обид да ги пробие руските одбранбени линии.



Слични Објави