Манчестер Сити подготви трансфер кој ќе ја „размрда“ Англија – Пристигнува играчот од лутиот ривал!

//

Откако што Манчестер Јунајтед пред нос им го украде Алексис Санчез, Манчестер Сити се сврте кон други цели.

Иако изгледаше дека Пеп Гвардиола на лето ќе се обиде да го донесе Паоло Диабала или Антон Гризман, сепак првиот избор ќе биде Еден Азар. Белгијанецот често се поврзува со Реал Мадрид, меѓутоа „Mirror“ тврди дека Манчестер Сити е заинтересиран за него и дека ќе направи се, само да го доведе на „Етихад“.

Колку го сакаат во своите редови говори и фактот дека се подготвени да го срушат клупскиот рекорд од 150 милиони фунти за да го купат 27-годишниот играч од Челзи. Потсетуваме, „Граѓаните“ беа заинтересирани за Азар и во 2012 година, кога Роберто Манчини беше на клупата. Сепак, Азар се одлучи за Челзи, кој потоа освои ЛШ под водство на Роберто Ди Матео.



Азар во Челзи освои четири трофеи, вклучвајќи и две титули шампион на Англија.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Нимиц денеска во Атина, од среда во Скопје

Следна статија

Буфон: Сѐ уште не знам дали ќе заминам во пензија ова лето

Најново од Вести