Нимиц денеска во Атина, од среда во Скопје
Медијаторот на обединетите нации за спорот со името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц денеска ја почнува посетата на Атина, во рамки на обновените преговори меѓу двете земји.
Тој првите два дена ќе разговара со државниот врв во грчкиот главен град, за надминување и изнаоѓање решение за долгогодишниот спор. Нимиц потоа, на 31-ви јануари доаѓа во македонскиот главен град, каде што треба да ги соопшти ставовите од Атина и да разговара за пакетот предлози за името, што го понуди на состанокот со амбасадорите во Њујорк.