| |

НАТО не е во криза и е подготвена да ги брани своите членки, увери командантот на силите на Алијансата во Европа Алексус Гринкевич

НАТО е далеку од криза и е подготвена да ги заштити своите држави членки, изjави врховниот командант на силите на Алијансата во Европа, Алексус Гринкевич, и покрај заканите на Доналд Трамп дека со сила ќе го заземе Гренланд, автономна територија на Данска, пренесе Франс прес.

„Досега тоа немаше никакво влијание врз мојата работа на воено ниво, па би рекол едноставно дека и денес сме подготвени да го браниме секој сантиметар од Алијансата“, изјави американскиот генерал, кој е во посета на Финска.

„Сметам дека во моментов сме далеку од кризна ситуација“, изјави тој.



Слични Објави