|

Нови масовни анти-владини протести во Иран и покрај целосното исклучување на интернетот

Нови анти-владини протести избувнаа во петокот во Иран, и покрај „националното исклучување на интернетот“, кое, според NetBlocks, претставува обид за прикривање на насилството на режимот, пренесува БГНЕС.

Протестите траат веќе 13 дена. Тие започнаа поради растечките трошоци за живот, но прераснаа во отворени повици за крај на системот воспоставен по Исламската револуција во 1979 година.

Во квартот на Техеран Садатабад демонстрантите удираа тенџери и скандираа „Смрт за Хаменеи“, насочено кон врховниот лидер ајатолах Али Хаменеи, додека возачите со сирени изразуваа поддршка. Слични сцени се пријавени и од Машхад, Табриз и Кум.

Според „Амнести интернешнл“, целосното исклучување на интернетот има за цел да „го прикрие реалниот обем на тешките кршења на човековите права и злосторствата според меѓународното право извршени за задушување на протестите“.

АФП оценува дека демонстрациите во четвртокот биле најголеми по протестниот бран од 2022–2023 година, започнат по смртта на Махса Амини во полициски притвор.

Слични Објави