(ВИДЕО) КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ: ШТО Е ТОА ОМО ИЛИНДЕН- СИТЕ СЕ НА ПЛАТА ВО СКОПЈЕ

Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов, со остар коментар за годишниот извештај за правата на човекот на САД.

„Ја мислат Бугарија, сеедно е Занзибар. Не ги знаат проблемите и си пишуваат туку-така. Да ги прашам тие јунаци од Државниот департамент од САД што е тоа македонско малцинство? Гледаат некакви извештаи од соросоидни организации и невладини организации што се хранат од грантови и плукаат по Бугарија“, вели Каракачанов во интервју за бугарската агенција „Пик“.

„Што е ОМО- Илинден? Сите таму земаат плата од Скопје. Тоа е платено малцинство и не тераат нас да го признаеме“, додаде лидерот на ВМРО.

„Какви репресирани Македонци има во Бугарија? Некакви таму пишуваат извештаи, нека си пишуваат што сакаат.Тие нека воведат тексашко или аризонско малцинство. Политика таму е да ги направи сите Американци, од каде на каде ние да ја расипуваме нашата државност.“

„Додека Заев го моли Борисов да ги признаеме, истиот Заев плаќа на една невладина организација во Словенија да плука по Бугарија“, додава Каракачанов.

loading...

Што уште кажа Министерот за одбрана и потпретседател на бугарската Влада погледнете во видеото:


loading...