КИМ МЕХМЕТИ ЗА БГНЕС: НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДРЖАВА СО ФАЛСИФИКУВАН ИДЕНТИТЕТ

Во бугарската агенција БГНЕС објавен е коментарот на познатиот албански писател Ким Мехмети во врска со прекинатиот попис на населението. Според него, Македонија го крие своето вистинското етничко лице, сакајќи лажно да го зголеми бројот на славо-македонците и да го намали бројот на немакедонците.

loading...

Тој уште додава дека Македонија сака да ојакне како држава забранувајќи ги книгите на албански и на бугарски јазик.

Подолу ви го пренесуваме целосниот коментар на Ким Мехмети објавен во неговата ФБ страница.

“Во Македонија е неможно да се дознае точната бројка на нејзините жители и која е нивната етничка припадност. Знаете зошто? Затоа што таа нема ниту толку многу славо-македионци колку што вели, ниту пак толку малку Албанци, Бугари, Турци… колку што се тврди.

Се чини дека за Македонија се безвредни и непостојни тие што немаат славо-македонска етничка припадност и, можеби токму поради тоа, на неа и се случуваат неочекувани нешта: што повеќе се намалува бројот на нејзините жители, толку повеќе расте бројот на политичарите будали, кои веруваат дека можеш да градиш и да ојакнеш држава забранувајќи го “увозот” на книгите на албански и бугарски јазик.



loading...

И на една таква Македонија, истоштена од криењето на своето вистинско лице и од обидите да се прикаже таква каква што не е, не само вакцините против Ковид 19, туку Белград и ги инјектира и дозите на омраза кон Албанците и Бугарите, исто како што им ја инјектира и српската политичка памет.

Сега следи логичното прашање: каде се и, која е улогата на челниците на ДУИ во сета оваа приказна, во сета ова понижувачка игра кон Албанците на Македонија? Се чини дека тие веќе одамна ја примиле коктел вакцината од српско-македонска политика памет, која нив ги прави нечувсвителни кон судбината на нивните гласачи и која толку ги заслепила што ги попречува да видат дека неможно е да градиш куќа без темели и држава со лажен етнички идентитет на жители! “, пишува Ким Мехмети.